На што треба да внимавате при купување суплементи

Суплементите кои што се користат во исхраната можат да бидат одличен додаток на вашата здравствена рутина, но многу е важно тие паметно да се изберат. Постојат неколку прашања за кои што треба да имате јасен одговор пред да ги купите и пред да почнете да ги користите.

Внимавајте на интеракциите со другите лекови

Поради тоа што многу од суплементите како што се оние на база на кантарион и гинко билоба можат на лош начин да влијаат со ОТЦ лековите и другите лекови кои што се препишуваат на рецепт, секогаш консултирајте се со вашиот лекар пред да започнете да користите суплементи.

Лекарот ќе ве предупреди ако суплементот може да предизвика потенцијален ризик за вашето здравје (особено ако сте бремени или планирате да одите на оперативен зафат) и ќе ви одреди најдобра доза.

Истражувајте

Пред да купите каков и да било суплемент, малку истражувајте за научните докази кои што би ја потврдиле неговата делотворност и неговата безбедност за употреба. Препораката од лекарите е секогаш поверодостоен извор отколку тврдењата на веб сајтот на произодителот на суплементот.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Секогаш барајте сертифицирани производи

Ако суплементот е сертифициран од некое официјално тело за сертификација на храна и лекови, тогаш за него се гарантира дека задоволува одредени стандарди за квалитет. Секогаш барајте доказ за сертификатот на суплементот.

Проверете го составот

Кога купувате хербални суплементи, многу е важно да проверите кои делови од растението се користеле за нивното производство. Различните компоненти можат да предизвикаат различни ефекти кои што би можеле да му наштетат на вашето здравје. На пример, истражувањата покажале дека коренот од растението кава е безбеден, додека неговите листови содржат состојки кои што можат да бидат токсични за црниот дроб.

Внимавајте на несаканите ефекти

Ако се појават несакани ефекти од користењето на суплементот, веднаш прекинете со неговата употреба и консултирајте се со матичниот лекар. Иако многу суплементи можат да се употребуваат без последици, други се поврзани со сериозни несакани ефекти како што се оштетувања на црниот дроб и појава на гастроинтестинални проблеми, особено кога се земаат во големи дози.

- Реклама -