Внимание: Еден вид месо го зголемува ризикот од дијабетес тип 2

Научниците од Универзитетот Харвард издадоа остро предупредување за црвеното месо и ја повикаа јавноста да го намали внесот по објавувањето на новата студија.

Тим американски експерти анализирале податоци од повеќе од 200.000 учесници во текот на 36 години за да откријат што му прави „хем-железото“ за нашето здравје.

Тоа е форма на железо што најлесно се апсорбира од човечкото тело и се наоѓа во различни видови месо, вклучувајќи говедско, јагнешко и некои видови риби. Научниците открија значајна врска помеѓу овој тип на железо и појавата на дијабетес тип 2, што предизвика загриженост.

„Оваа студија ја нагласува важноста од изборот на здрава исхрана во превенцијата на дијабетесот. Намалувањето на внесот на „хем железо“, особено од црвеното месо и усвојувањето на диета по растителна основа може да бидат ефективни стратегии за намалување на ризикот од оваа состојба“, вели еден од авторите на студијата, епидемиолог и истражувач за исхрана и дијабетес, Френк Ху, пренесе Daily Express.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Резултатите од студијата на Харвард откриле дека учесниците кои консумирале најмногу „хем железо“ имале 26 отсто поголем ризик да развијат дијабетес тип 2 од оние кои консумирале најмалку.

- Реклама -