Во октомври 1974 година, влијателниот хорор и SF писател Стивен Кинг и неговата сопруга поминале една ноќ во стар хотел.
Со оглед на тоа што завршувала сезоната, хотелот решил да ги затвори вратите за нови посетители оставајќи ги Кинг и неговата сопруга единствени кои биле сместени во него.
По вечерата во огромна, а празна трпезарија со столиците свртени кон горе, одењето низ празни и бескрајни ходници, се раѓа новиот роман кој станува еден од најпознатите романи на сите времиња.
Ноќта, Кинг имал застрашувачки сон како неговиот син го брка огнено црево низ хотелскиот ходник и веднаш после тоа знаел дека мора да започне да пишува.
„Станав, запалив цигара, седев на столица свртен кон планините и до крајот на цигарата во мојата глава веќе имав силен костур за романот“, вели подоцна Кинг во едно интервју.
Неговата книга „Сјаење“ – The Shining го воведе хотелот Стенли во Колоради во сосема нова димензија.
Еве неколку факти во врска со прочуениот хотел.
1990 година прочуениот бизнисмен и пронаоѓач Фрилан Оскар Стенли завршил со работа на хотелот. Шест години порано лекарот му наредил да пронајде чист, планински воздух на запад за да ја подобри својата состојба со туберколозата. Кога дошол во Естес Парк во Колорадо, Стенли се заљубил во пределот и ветил дека ќе се навраќа тука секое лето.
Стенли изградил хотел на земјиште кое го купил од гроф од Дунравен, ирски племец. По првите посети, поради пари во 1872 година Дунравен илегално присвоил околу 6.070 хектари и безуспешно се обидувал да направи приватно ловиште. По неуспехот заминал во 1884 година.
Кога Стенли предложил неговиот речиси завршен хотел да го носи името Дунравен, 180 локални жители потпишале петиција против.
Некои тврдат дека духот на Дунравен и денес ја прогонува собата 407, така што светлата самите се палат и гасат, а замаглена форма на лице се појавува на прозорското стакло.
Една година пред да биде хотелот отворен, Стенли и неговиот брат Френсис основале компанија за фотографски плочи кои на крајот ги продале на Кодак. Потоа измислиле серија автомобили и станале исклучително богати.
Стенли кој не верувал во кредити секогаш барал аванс за своите автомобили, па платил во кеш за изградба на хотелот.
Стенли инсистирал на клиенти од високо друштво, одбивајќи ги оние кои сметал дека не се дораснати на одредени стандарди. Дури и во текот на Првата светска војна кога туризмот почивал на големо ништо, Стенли седел во предворјето и враќал непосакувани гости, иако хотелот бил речиси празен.
До моментот кога Стивен Кинг го посетил хотелот во 1970 година, тој веќе западнал во тешки времиња, а својата поранешна слава ја повратил по романот и филмската адаптација во режија на Кјубрик.
Собата 2017, истата онаа во која Сивен Кинг отседанл и која во романот е проклета, станала особено популарна и веќе мора однапред да се резервира за да се престојува во неа.
Доста порано, пред хотелот да стане хотел Shining, собата 217 имала интересна историја. 1917 година главната собарка Елизабет Вилсон, излегла да ги запали хотелските фенери од страв дека олујата ќе доведе до снемување струја. Кога се обидела да го запали фенерот, во собата која е денес соба 217, фенерот експлодирал и Елизабет пропаднала спрат подоле. За среќа преживеала, но завршила со скршеници. Медиумите го преле случајот со неколку различни информации и имиња, што дополнително ја зголемило мистеријата дека се случувале повеќе пати чудни нешта во проклетата соба.
За време на снимањето на филмот „Глупавиот и поглупавиот“, Џим Кери побарал да отседне во соба 2017. Се зборува дека се одјавил после три часа престој.
„Таа соба е нешто сомнителна. Не знаеме што му се случило таму. Никогаш не сакаше да зборува за тоа“, изјави Кевин Лофи, поранешен организатор на тури по хотелот.
Уште еден од најчесто пријавуваните духови е поранешниот домар по име Пол кој починал од срцев удар додека го чистел снегот пред хотелот во 2005 година.
Иако книгата и филмот го опишуваат хотелот како застрашувачко и изолирано место од цивилизацијата, тоа всушност се наоѓа веднаш над центарот над градот Естес Парк, популарно летно одморалиште кое е лоцирано на саат време од Денвер.