ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Антикорупциска молчела 4 години иако знаела за скандалите на Мерко, и кој од власта на СДС и ДУИ правел притисоци во судскиот совет да го згасне предметот?

„Денес Државната комисија за спречување на корупција излезе со признание дека пред 4 години реагирале за случај каде има основано сомнение за криминал на струшкиот градоначалник Мерко, а Судскиот Совет, политички контролиран од СДС и ДУИ, го згаснал“, реагираат од најголемата опозициска партија по прес-конференцијата на Антикорупциска, која денеска информираше дека уште во 2019-та обезбедила наоди и поднела иницијатива за струшкиот градоначалник, но институциите не реагирале.

„Отворено се поставуваат две прашања: Зошто Антикорупциска молчела 4 години иако знаела за скандалите на Мерко, и кој од власта на СДС и ДУИ правел притисоци во судскиот совет да го згасне предметот на струшкиот градоначалник?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно дека оставките во Судскиот Совет се најмалата работа, бидејќи потребна е оставка на цела влада. Криминалот е длабоко метастазиран во сите институции на државата“, констатира опозицијата во реакцијата.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ
- Реклама -