ВМРО-ДПМНЕ: Власта со кампањата за вакцинација доцни повеќе од девет месеци, како што доцнеше и со вакцини

Кампањата е задоцнета повеќе од девет месеци, исто како што беа задоцнети и вакцините, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска Владата, односно премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, ја промовираа националната кампања за масовна вакцинација против ковид-19.

„По повеќе од девет месеци или кон крај на минатата година кога во сите земји стартуваше вакцинацијата против корона, во Македонија ништо не беше на повидок – ниту вакцини, ниту пак како да се стимулираат граѓаните да се вакцинираат. Сега, повеќе од десет месеци по тоа, Зоран Заев и Венко Филипче решија да организираат кампања за да ги поттикнеле граѓаните на вакцинација. Во меѓувреме, ги поделија на граѓаните, воведоа фашизоидни мерки и сега ќе терале кампања“, реагираат од опозицијата.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Според нив, и четвртиот бран е последица на неспособноста на власта, а од истата причина здравствениот систем не бил подготвен за ниту еден бран на коронавирусот, од почетокот на пандемијата.

„Поради нивната неспособност бројката на починати од корона се движи кон шест илјади починати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, порачувајќи дека „од 17 октомври ќе почне крајот на политичари како Заев и Филипче“.

 

- Реклама -