ВМРО-ДПМНЕ: Шверцерска одлука на РКЕ, на еден час пред полициски час бензините поскапени за 3 денари

Шверцерска одлука на РКЕ – вака опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја карактеризира одлуката на Регулаторната комисија за енергетика да ги поскапи бензините за 3 денари, објавена непосредно пред да започне полицискиот час.

 

„Ова е второ покачување на цените на горивата оваа недела, откако на 5 април беа веќе еднаш покачени. Ова е 4 денари покачување за една недела. Ова е преседан и сигнализира дека власта незнае како да го полни буџетот па удира по народот“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Партиската испостава на Заев која го регулира енергетскиот пазар, ги покачи цените на горивата во сред недела, на само еден час пред почеток на полициски час. Граѓаните брзаат кон бензинските и се создаваат колони со возила. РКЕ на Заев во пандемија немилосрдно удира по џебот на граѓаните. По покачените акцизи, константното покачување на цените на горивата е уште еден начин за полнење на празниот буџет директно од сиромашните граѓани“, обвинуваат од опозицијата.

Прочитајте и:  Петрушевски: Љупчо Дон Николовски потрошил 976.199 денари на кафеани и ресторани како министер за земјоделие
- Реклама -