ВМРО-ДПМНЕ: Сега кога Бугарија ја укинува дополнителната такса за транзит на гас, на што се темели најавеното ново поскапување на електричната енергија

„Димитар Ковачевски на 1-ви ноември говореше дека поскапувањето на струјата кое би се случило на цената на електричната енергија за домаќинствата во Македонија, ќе биде резултат на таксата која ја воведува Бугарија за транзитот на гас. Сега кога Бугарија ја укинува оваа такса се поставува прашањето на кој дополнителен трошок ќе го темелат поскапувањето кое веќе го најавува и самиот Бислимовски?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните, велат, со право се загрижени, бидејќи функционерите на власта на ДУИ и СДС веќе најавуваат воведување на нови такси во сметките кои според процените може да значат 30 милиони евра повеќе трошоци за граѓаните годишно, но и проширување на тарифните групи 3 и 4 кои се најскапи и со што би се направило прикриено поскапување на електричната енергија, тврдат од опозицијата.

„Народот е доведен до питачки стап и секое поскапување на електричната енергија дополнително ќе ја зголемува сиромаштијата, која веќе според процените ги опфаќа речиси 600 илјади граѓани.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Ковачевски, Бислимовски и сите останати функционери на власта го уништија енергетскиот сектор во Македонија и резултатот на тоа е секое ново поскапување на електричната енергија за граѓаните. Наместо инвестиции во државните енергетски капацитети, фрлени се на приватните бизниси од кои и самите имаат голема лична корист“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика – Марко Бислимоски, пак, уверрува дека нема да дозволат граѓаните да почувствуваат ценовен шок иако кога би се прифатиле барањата на компаниите цената би се зголемила за 27%. За надоместокот за пристап до електродистрибутивната мрежа, пак, тврди дека нема да значи нов трошок за редовните потрошувачи, туку повеќе ќе плаќаат оние кои имаат повеќе станови или викендици.

- Реклама -