ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја оставија државата на цедило, а сега се ситат и прават поени од пожарите

Во врска со соопштението на СДС каде што се повикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се ангажира на терен, сакаме да ја изразиме нашата загриженост и да посочиме на неколку клучни точки.

Прво, очигледно е дека СДС се претвора во партија која секогаш бара начин да ги политизира дури и најсериозните кризи со цел да се добие политички поени. Постои чудна корелација помеѓу интензитетот на пожарите и нивото на радост во редовите на СДС. Колку е полошо, толку врхушката на СДС е посреќна, што само ги открива нивните вистински намери и неписмена неодговорност.

Второ, соочени со оваа криза, ВМРО-ДПМНЕ ја изразува својата поддршка до сите пожарникари и сите други кои се во првите редови борејќи се со огнот. Нивната храброст и пожртвуваност се непроценливи и ние стоиме заедно со нив во овие тешки времиња. Дополнително, ги повикуваме сите граѓани и политички субјекти на единство и соработка во борбата против пожарите, наместо да користат трагедиите за политички напади.

Трето, во времето кога СДС беше на власт, институциите беа девалвирани и не им се посветуваше соодветно внимание на критичните капацитети за справување со пожари. ВМРО-ДПМНЕ ја презеде иницијативата за враќање на канадерите и повторно функционирање на центарот за обука на пилоти, со што значително се подобри нашата способност за борба против пожарите.

Чевтрто, ги повикуваме СДС и сите други политички партии да покажат одговорност и да престанат да ги злоупотребуваат состојбите со пожарите за политички цели. Сите треба да работиме заедно во интерес на граѓаните и државата, и да обезбедиме безбедност и поддршка за оние кои се најмногу погодени.

Петто, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на граѓаните и поддршка на сите напори за справување со пожарите, и ќе продолжиме да работиме на подобрување на нашите капацитети и поддршка на храбрите пожарникари и спасувачи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -