ВМРО-ДПМНЕ претстави уште 19 кандидати, Тони Михајловски ќе се трка за градоначалник на Куманово

ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Централниот Комитет усвои нови кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Главната карактеристика на кандидатите, велат од партијата, е што огромно мнозинство се млади, некомпромитирани и нови имиња кои ќе внесат нова енергија, жар и ентузијазам за повеќе работи и многу успеси во развојот на општините.

„Ова се кандидатите кои ќе ја сочинуваат новата генерација на луѓе кои ќе настапат на политичката сцена и ќе го креираат развојот на општините во нашата земја. Нашата цел е да одиме на победа, да ги решаваме проблемите и да работиме за развојот на Република Македонија. Изборот е помеѓу стари, компромитирани кадри на власта, и нови луѓе, кои носат свежина и компетентност за големи чекори напред за сите луѓе во Македонија“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Претставените кандидати се следниве (општина/кандидат):

• Ѓорче Петров – доктор Александар Стојковски, радиолог на Универзитетската клиника за радиологија
• Куманово – актерот Тони Михајловски, долгогодишен член во општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, а од 2018-та година член на Извршниот комитет на партијата
• Бутел – Дарко Костовски, пратеник, но и селектор и тренер на македонската Таеквондо репрезентација која, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, постигна на овие олимписки игри во Токио историски резултат
• Македонски Брод – Жарко Ристески
• Свети Николе – Дејан Владев
• Македонска Каменица – Димчо Атанасовски
• Берово – Елеонора Рашковска
• Чашка – Зоран Здравевски
• Градско – Киро Нацков.
• Пробиштип – доктор Маријан Миленковски
• Виница – Миле Петков
• Пехчево – Александар Китански
• Лозово – Бошко Цветковски
• Карбинци – Виктор Паунов
• Чешиново-Облешево – Далибор Ангелов
• Зелениково – Коста Маневски
• Демир Хисар – Никола Најдовски
• Маврово-Ростуше – Мевдед Џафери
• Охрид – Кирил Пецаков

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

„Ова се луѓето кои ќе ја донесат победата. Ветуваме многу работа, многу нови проекти, доследно остварување на понудата која ќе ја дадеме. Време е за промени и нов развој. Време е за решавање на проблеми. Време е за одлуки кои ќе испратат јасна порака до власта дека нивното заврши. Промените доаѓаат“, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на која беа презентирани кандидатите. Повеќе за нив, ТУКА.

 

- Реклама -