„Добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ по повод поднесените „оставки“ на министрите на ДУИ, но кои ќе станат ефективни само ако опозицијата ги поддржи уставните измени.
Од ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа, порачаа дека оставките треба да станат неотповикливи и да се оди на брзи избори.
„Откако ДУИ го направи првиот чекор, си поднесоа оставки, сега само тие да бидат неотповикливи и да одиме на брзи избори, бидејќи сѐ друго е одолговлекување и играње играчки на грбот на државата и иднината на граѓаните“, одговорија кратко од опозицијата.