ВМРО-ДПМНЕ: Носител на позиција каква има Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба

Носител на позиција каква има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба. Спротивната ситуација, немањето на придружба и необезбедувањето претставува прекршок за санкција.

Дали според СДС требало да се прекршат законите во случајот на Африм Гаши?

Оваа држава има институции. СДС тоа тешко го сфаќа зошто во нивно време министрите во работно време играа фудбалчиња во кабинет, полицајци се удираа во пајаци, во присуство на Ахмети се пукаше со калашникови, а Оливер Спасовски делеше пасоши на мафијаши.

Времето на самоволие заврши со смена на власта.

ВМРО-ДПМНЕ

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон
- Реклама -