ВМРО-ДПМНЕ: Народот крена глас против Заев и Филипче и дискриминаторските мерки за корона

„Народот крена глас против Филипче и Заев и нивните фашизоидни и дискриминаторски мерки“, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашните протести околу новите мерки против ширење на коронавирусот, кои вклучуваат рестрикции за граѓаните кои не се вакцинирани.

„Народот излезе на улица, ама Филипче и Заев ништо не ги интересира. Ниту следат искуства од светот, ниту размислуваат како да пролагодат на приликите. Народот пак воопшто не го слушаат!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од најголемата опозициска партија обвинуваат дека власта задоцнила со подготовка на здравствениот систем, кој, според нив, сѐ уште не е подготвен ни за 4-тиот бран.

„Бројките на заболени вртоглаво растат, а има веќе и по 10-тина починати на ден. Од Филипче и Заев одговори не се чекаат! Само да заминат од функциите и да се спаси народот!“, се вели во соопштението.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка
- Реклама -