„Наместо да бидат модерна зелена европска партија, тие се враќаат 20 години назад во минатото“, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ откако ДУИ ги обвини за лицемерие затоа што нема да присуствуваат на прославата на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
„Жалиме што ДУИ одлучи ревносно да му служи на тој кој најпогрдно ги навредуваше Албанците, ги навредува и Македонците, а за самите нив пред украдените избори во јули 2020 велеше дека се корумпирани и дека се криминалци.
Илјадници млади Македонци и Албанци последните години ја напуштија Македонија токму поради ваквото расфрлање на народни пари по коктели и паради.
Тетово е најзагаден град во Македонија зимно време, а летно време има недостиг за вода. Чаир е Мека на дивоградбите и хаосот во урбанизацијата. Неколку километри автопат до Косово уште е на самиот почеток, нема инвестиции, нема подобри услови за живот, а веќе две децении гледаме едните исти луѓе како ги лажат и крадат Албанците во Македонија со тоа што ја повторуваат 2001 година.
Жалиме што наместо да бидат модерна зелена европска партија тие се враќаат 20 години назад во минатото“, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.