ВМРО-ДПМНЕ: Наќе Георгиев, човекот на Заев во судството, призна поткуп, правдата доаѓа, одговорност ќе има за сите

Наќе Георгиев човекот на Заев во судството призна поткуп, правдата доаѓа, одговорност ќе има за сите.

Наќе Георгиев призна дека земал 10.000 евра за да ја ублажи затворската казна на Боро Марлборо од СДС кој беше жив фатен како шверцува цигари.

Наќе Георгиев е олицетворение на Заев и Филипче во судството. Во време на СДС тој експресно напредува од обичен судија до судија во Веховен суд и член на Судскиот совет.

Покрај Наќе Георгиев вина признал и Иџет Мемети, заменик претседател на Советот на јавни обвинители. И тој како Георгиев кажал дека земале поткуп за да ја ублажат казната за Боро Марлборо.

Наќе Георгиев е пример за штетата која ја нанесе СДС врз судството. Заради Наќе Георгиев и кадрите кои тој ги поставувал народот има 2% доверба во судството. Доаѓа одговорност.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -