Повеќе работни места за младите, 0 проценти персонален данок за млади до 29 години, нов модел на реиндустриjализација и зголемување на извозната конкурентност на македонската економија, 4 милијарди домашни и странски инвестиции – и сето тоа за еден мандат, се само дел од проектите кои што идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обврзува пред граѓаните на Република Македонија да ги реализира, порачуваат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
„Проектот 0 проценти персонален данок за млади до 29 години значи можност на младите луѓе својата иднина да ја градат во сопствената држава. Вo Македонија има млади луѓе кои што со својот талент ќе создадат силни претприемачки и иновативни идеи и затоа ќе работиме за создавање на најповолни услови за искористување на нивниот потенцијал.
Со проектот модерна реиндустријализација и зголемување на извозната конкурентност на македонската економија, планираме да понудиме конкретни мерки за поддршка на домашните компании во нивното технолошко и организациско унапредување, изградба на мрежа на извозни промотори за домашни извозни компании и промотори за привлекување на странски директни инвестиции.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува во својот 4 годишен мандат да донесе 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции, а тоа значи повеќе поддршка од државата за домашната економија и компании и привлекување на странски директни инвестиции преку реформиран модел кој ќе биде привлечен за светски големи компании“, се вели во соопштението.
По 12-ти април следува обнова на Македонија на секое поле, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ги реализира мерките и проектите од кои најголема придобивка ќе имаат сите граѓани на Република Македонија.
Следува сериозен економски раст и развој со проекти и мерките кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и економскиот тим ќе ги реализира.
Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да создаде повеќе за секого во државата“, стои во соопштението.