ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска служеше како судски портпарол на СДС и ДУИ

Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата.

Жената која чувствуваше исполнетост во спроведувањето политички нарачки преку драконски казни за политичките конкуренти беше најголемиот срам за позицијата претседател на Уставниот суд во неговата историја.

Дојде на функцијата како награда за казните за 27 април, без докази. Со посрамената Рускоска беа двоецот кој ќе биде запишан на црните страници на македонската историја.

Цело време служеше и како судскиот портпарол на СДС и ДУИ.

Таа е првиот и последен Уставен судија избран откако претходно истиот суд пресудил дека прекршиле уставни одредби. Така функционираше пупка судството во кое Кацарска беше еден од главните извршители.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев
- Реклама -