ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на Бојан Маричиќ покажа дека СДС лаже и манипулира дека ВМРО-ДПМНЕ прифатиле уставни измени под бугарски диктат

„Од интервјуто на Маричиќ се виде јасно дека СДС лаже и манипулира дека ВМРО-ДПМНЕ прифатиле уставни измени под бугарски диктат и дека СДС сѐ уште нема одговор кој од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на состојбите е прифатлив“, реагираат од најголемата опозициска партија по гостувањето на вицепремиерот за европски прашања во „Тема на денот“ на ТВ „Сител“, во кое тој оцени дека „предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се нереални и надвор од преговарачката рамка“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, на Маричиќ и Ковачевски сега им останува само да се извинат што отворено ја лажеа јавноста.

„Воедно е жална леснотијата со која СДС констатира дека не е реално да се заштитат националните интереси и да се обезбеди интеграција во исто време. Така тие ја признаваат и својата неспособност“, додава опозицијата.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ
- Реклама -