ВМРО-ДПМНЕ го прослави падот на Заев: За кратко ќе ја видите силата на народот!

Во повеќе градови синоќа граѓаните можеа да слушнат славје и какофонија од свирки на колони автомобили надвор на улиците. За оние кои не беа информирани дека се случува лидерска средба на која, покрај другото, се договараа предвремени избори, показател дека се работи за политичко славје беа скандирањата „ВМРО-ДПМНЕ!“ и секако, развеаните знамиња.

„Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ објавија неколку видеоснимки на кои се гледа како симпатизери на партијата го прославуваат падот на Зоран Заев и неговата Северна“, пишува „Република“.

„Граѓаните вечерва по улиците ширум државата го прославија падот на Зоран Заев и одредувањето на датум за предвремени избори на 12 април наредната година. Сонцето од Кутлеш беше на почетокот од секоја колона автомобили која кружеше по улиците. Не отсуствуваше ниту извикот кој што стана симбол за антизаевизмот ‘Никогаш Северна, само Македонија’. Со падот на Зоран Заев, Македонците си ја вратија својата национална гордост“, пишува „Инфомакс“.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите

„Победнички Прилеп тргна! дојде време, дојде час за голема победа! Победа на ВМРО-ДПМНЕ! Победа за Македонија“, порачаа на друштвените мрежи приврзаниците на опозициската партија.

„Готови се! Време е да победиме, Македонија тоа го бара од нас! Да живее ВМРО“, порачаа од УМС.

„Битката започна нема назад. ВМРО ДПМНЕ го чекаше овој ден. За кратко ке ја видите силата на народот!“, порача и Јохан Тарчуловски на „Твитер“.

- Реклама -