ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ сака да ја дестабилизира државата за да не одговараат за криминалот кој го правеле

ДУИ сака да ја дестабилизира државата за да не одговараат за криминалот кој го правеле, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи народот да страда.

ДУИ не може да се помири со тоа што не се повеќе власт и тоа што нивните блиски повеќе неможе да вртат милионски бизниси на грбот на државата.

Додека народот врзуваше крај со крај, синот на Муса Џафери тргуваше струја, а МЕПСО на него и на неколку други фирми им отпиша долг од 14 милиони евра. Додека народот се иселуваше внуците на Али Ахмети ја преземаа Соравија, влегуваа во бизнисот со струја и во рудници.

Додека народот се чудеше како да преживее од први до први, Артан Груби договараше подизведувачи по патиштата.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

ДУИ не работеше за Албанците, ниту за Македонците, ДУИ работеше за една тесна клика која очигледно им ја има киднапирано партијата.

ДУИ сега знаат дека треба да одговараат за се што правеле, и затоа стравот е голем.

Обидите за дестабилизација се последните крици за спас на една криминална гарнитура и заштита на криминално стекнатите милиони.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи државата и народот да страдаат. Одговорност ќе има.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -