ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ прави драма пред Уставен за да ги скрие своите и криминалите на СДС

„ДУИ прави драма пред Уставен суд, а главната цел им е да ги скријат своите криминали и на партнерите од СДС“, велат од владејачката партија за „Стражата на јазикот“ што ДУИ ја постави пред Уставниот суд во очи седницата за Законот за јазици.

„ДУИ со драмата што ја прават пред Уставниот суд сака да ги скрие своите криминали и на партнерите од СДС и затоа прават протест“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека ова е сценарио режирано заедно со СДСМ и очигледно од, како што велат, политичари вмешани во криминални дејствија.

„ДУИ и СДС имаат страв дека ќе одговараат за сите криминали и предавства што ги направија, па организираат протест пред Уставен суд, за да не завршат во друг суд. ДУИ и СДС, знаејќи дека ништо нема да се случи во среда, се кријат и сеат магла преку протест. Од ДУИ и СДС, само треба ја слушнат изјавата на премиерот Мицкоски, се ќе им биде јасно“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и:  ДУИ до Уставен: Не ја предизвикувајте демократијата, Рамковниот е темелот што ја држи обединета оваа мултиетничка и демократска држава
- Реклама -