ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да не мрзнат и да не сејат магла, знаат дека во среда нема да се случи ништо

ДУИ да ја слушнат изјавата на премиерот Мицкоски и да не сејат магла кога знаат дека во среда нема да се случи ништо, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ откако ДУИ постави, како што тврдат, деноноќна „стража на јазикот“ пред Уставниот суд до седницата за Законот за јазиви во среда.

„За деталите од денешното сценарио и она што вечерва ДУИ го прави внимателно упатуваме да ја слушнат денешната изјава на премиерот Мицкоски кој јасно ги отцртува нивните намери до последниот аспект“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, алудирајќи меѓу другото и на делот каде премиерот посочи дека обидите на ДУИ за поделба на граѓаните ќе продолжат, но и дека институциите знаат, во соработка со нашите партнери, точно со кои групи комуницираат и како комуницираат.

Прочитајте и:  Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност

„ДУИ на овој начин сеат магла иако знаат дека во среда нема да се случи ништо. И откако нема да се случи ништо ќе треба да кажат дека ДУИ ја спасиле работата. А во суштина протестите се политичарите замешани во криминал од ДУИ против судиите на ДУИ. Нашиот совет е да не мрзнат и да не прават фешти кои се гол ПР. Само треба на СДС да му се јават со кои ја крадеа Македонија“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -