„Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите на своја рака со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивоизградените објекти-платформи во езерото. Велам на своја рака затоа што ниту ги имаат превземено ингеренциите од локалната самоуправа на пример во Чаир за Мавровка, ниту пак за таму имаат елаборат за рушење. Фарса и евтин крими театар!“, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ – Наум Стоилковски.
„Доколку Заев и ДУИ решиле дека со евтин крими театар се лаже државата дека се спроведува закон и дека има правна држава, нека го покажат тоа на дело и тука. Зад мене се објектите на Матка изградени пред година или две, и кои што градоначалникот Блерим Беџети ете не ги руши, и се закани со распишување референдум доколку му се одземат ингеренциите“, рече Стоилковски.
„Почитувани, заради овие платформи зад мене на Матка се сеќавате, Заев дозволи Антикорупциска да побара Обвинителски предмет од антикорупционерите за градоначалникот на Сарај. Градоначалникот потоа јавно проговори за барањата на Заев од него да влијае во судството, па Обвинителство потоа ја одби кривичната пријава од антикорупционерите. Крими театар, ама платформите се уште стојат!
Оттука и прашањето, дали Заев стои зад оставањето на раат и на овие дивоградби, или сеќавањата на градоначалникот нема да го спречат Заев, ниту пак Ахмети, да ги пушти багерите и на Матка?“, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во обраќањето, тој имаше критики и за скопскиот градоначалник Петре Шилегов:
„Чудно е што градоначалникот на Скопје Шилегов велеше дека нема ингеренции за рушење на дивоградби, па откако се изградија и настапи фарсата во Мавровка, се појави за собирање на политички поени“.