Договарањето на тендери е специјалност на Филипче, таму не му се мешаме, ВМРО-ДПМНЕ работи за народот, а за коалицијата со ДУИ нема поголем доказ од тандемот Наќе Георгиев – Иџет Мемети.
Да одиме со ред, Филипче нема тендер кој не го наместил, од вакцини до опрема. Уште не кажа како ги стекнал луксузниот џип кој го вози, а не е на негово име, ниту пак хациендата на сопругата.
Филипче го нема збор да изусти ниту за милионите на брат му и Вице Заев и нивниот бизнис со фотоволтаици.
Што се однесува за коалицијата со ДУИ, доволно е да се види како Иџет Мемети долгогодишен функционер во време на ДУИ и заменик претседател на Советот на јавни обвинители и Наќе Георгиев човекот на Заев и Филипче во судството соработувале за да ја намалат казната на Боро Марлборо.
Спрегата СДС – ДУИ е како трајна бизнис релација, каде двете страни имаат испреплетени интереси од судство до бизнис и политика.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ