Викендов во Валандово беше избран новиот лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
По тој повод, владејачката коалиција предводена од СДСМ повика новиот претседател на партијата да воведе нова политика, односно да се напуштат досегашните опозициски практики на поделби, блокади, лажни вести и говор на омраза.
„Новото време на соработка, пријателство, напредок и заедништво ги отвора перспективите на Македонија како едно демократско општество во кое сите граѓани ќе бидат еднакви спрема правата, обврските и законите“, се вели во соопштението на СДСМ, по изборот на новиот партиски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.