ВМРО-ДПМНЕ: Боки 13, човекот кој ја носеше ташната со милиони, кажа дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев

„Парите од Рекет барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заев“, ова не се зборови на некој новинар или политички опонент на СДСМ, ова се зборовите на Боки 13, човекот кој целата јавност го виде како заедно со Зоки Кичеец носи торба Луј Витон полна со изрекетирани милиони, порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција по денешното последно рочиште за „Рекет“, на кое беа изречени пресудите.

„Боки 13 е директниот извршител во Рекет. Парите кои тој ги изрекетирал завршиле директно кај Заеви. Исказот на Боки 13 денеска од суд и претходните докази и аргументи кои ги изнеси се повеќе од доволни Зоран Заев уште денеска да биде повикан во ЈО и да биде отворена истрага против него“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја обвини Русковска дека му дозволила на Заев да помине неказнет:

„ЈО на Русковска премолче и не отвори истрага против Заеви кога Боки 13 од суд кажа дека добил порака од Заев лично на 16 април да се видат и да се соочат со доказите. Тоа се 5 дена пред Зоран Заев како што самиот кажа подоцна откако имаше притисок од целата јавноста во Република Македонија го пријави Рекет случајот токму кај истата Русковска.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

Што криеше Заев и зошто не го пријавил случајот веднаш?! Менаџирал со докази, прикривал, уништувал или пак изменувал?!

Русковска го премолче тоа и не отвори истрага. Исто како што молчи цела година и внимава трагата да не нѐ однесе токму до главата на октоподот а тоа е Зоран Заев.

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод. Тој е човекот кој го менаџирал случајот, а ЈО и судот се прават дека од дрвото не можа ја видат шумата. Заев ги лаже граѓаните и институциите во Македонија, а Русковска му дозволува да помине неказнет.

По денешниот исказ на Боки 13 очекуваме ЈО итно да смогне сили и храброст и да го повика Зоран Заев на распит, да му го земе телефон на вештачење и да отвори истрага против него.
За ваквото непостапување на ЈО и штитење на Заев одговорност ќе има многу брзо.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме со Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и нашиот народот ќе ја направи разликата“, порача Ѓорѓиевски.

- Реклама -