ВМРО-ДПМНЕ: Ако сте плаќале по 2000 денари, сега за струја ќе плаќате по 2300 денари плус ДДВ – тоа се две нови сметки годишно

„Заевизмот ја поскапи електричната енергија за граѓаните. Ова поскапување е колку две нови сметки на годишно ниво. Ете каков катастрофален удар на стандардот предизвика заевизмот“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тие посочуваат дека покрај базичното поскапување, струјата поскапува и по основ на укинувањето на евтината дневна тарифа, со што вкупното поскапување изнесува над 15%.

„Ова значи дека едно семејство кое плаќало по 2000 денари месечно за електрична енергија, сега ќе плаќа по 2300 денари плус ДДВ. Ако се земе предвид дека намалената стапка на ДДВ ќе се враќа етапно во текот на следната година, ударот по семејниот буџет ќе биде уште поголем“, категорични се од партијата.

Уште полошо, се вели во соопштението, поминуваат компаниите кои набавуваа електрична енергија на слободниот пазар. Тие денес плаќаат неколку кратно повисока цена и се на работ на егзистенцијата.

„Оваа новогодишна честитка која пиунот Ковачевски и заевизмот му ја испорачаа на народот, Народот со поскапувањето на струјата од свој џеб ја плаќаат неспособноста, неодговорноста и криминалните тендери на власта.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

Да потсетиме дека од август 2020 година до денес цената на струјата кумулативно порасна за околу 40%. За една и пол година! Најпрво летото 2020 година струјата поскапи 7.5%, потоа летото 2021-ва уште нови 12.5%, за сега над 15%. Поскапување на поскапување и дојдовме до околу 40%.

Да биде уште потрагично, и покрај сите овие поскапувања МЕПСО и ЕЛЕМ се претворија во загубари. ЕЛЕМ има рекордно најниско ниво на произведена домашна струја, нема доволно јаглен и акумулациите се празни, а МЕПСО нелегално влече струја од европската мрежа. Ете до кое дереџе го донесе заевизмот енергетскиот систем во Македонија. За ова мора да има одговорност“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -