Вметнете го два пати дневно во исхраната и заборавете на депресијата

Луѓето кои јадат помалку од две порции овошје на ден се изложени на поголем ризик од развој на депресија, открија истражувачите од универзитетот во Квинсленд, Австралија.
Резултатите од шест-годишната студија, спроведена на шест илјади Австралијанци откриле јасна врска помеѓу внесот на овошје и симптомите на депресија, рекла Гита Мишра од Националниот институт за јавно здравје.

„Откривме дека жените кои јадат најмалку две порции овошје на ден имаат помала веројатност да страдаат од депресија отколку жените кои јаделе помалку овошје, дури и откако ги земавме во предвид другите фактори, како што се пушењето, алкохолот, индексот на телесната маса, физичката активност, брачната состојба и образование“, рекла Мишра.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

„Откривме и дека конзумирањето на две порции овошје на ден ги штити жените од развој на депресија и во иднина.“

Научниците не утврдиле дека таква врска постои помеѓу конзумација на зеленчук и депресија.

Заштитниот ефект на овошјето го објаснува повисоките концентрации на антиоксиданси и анти-воспалителни состојки како што се ресвератрол, кој го нема во зеленчукот.

Жените страдаат два пати почесто од депресија во однос на мажите, а заболувањето од депресија е во пораст.

- Реклама -