Последните истражувања насочени кон влијанието на хормоните кај мажите и нивниот љубовен живот покажува дека мажите кои се вљубени, односно оние кои имаат сериозна врска имаат многу помалку тестостерон од оние кои не се вљубени.
Мажите не го губат тестостеронот само кога се во љубовна врска со девојка, туку и кога се препуштени кон нивните деца или нивната фамилија. Научниците велат дека мажите кои се препуштени на љубов кон било што имаат значително помалку тестостерон во крвта за разлика од оние мажи кои се однесуваат „помашки“, односно кои не чувствуваат голема љубов кон одредена работа.
Сепак научниците велат дека тоа е нормално и природно, бидејќи кога еден маж се грижи за едно семејство, доаѓа до намалување на тестостеронот за тој да нема претерана желба за секс и да не се однесува агресивно кон членовите на семејството.
Тестостеронот е хормон кој ги дава машките карактеристики на една единка и тој е најчесто одговорен за однесувањето на мажите, па затоа од голема важност е организмот правилно да го контролира за да може мажот да има нормален социјален живот. Ваквото намалувањето на тестостеронот кај мажите е сосема нормална појава.
Објавено во соработка со За Здравје.