ВЛЕН: Ветувањето за отстранување на коцката надвор од домовите на граѓаните е исполнето

Планот на ВЛЕН за справување со штетните последици од коцкањето, веднаш даде конкретни резултати. Ветувањето за отстранување на коцката надвор од домовите на граѓаните е исполнето! Коалицијата ВЛЕН со конкретни дела се справува со девијантните појави кои режимот на ДУИ ни ги остави во наследство.

Во првите 80 дена од формирањето на владино мнозинство, предложивме и усвоивме Автентично толкување на законот за игри на среќа со што се создадоа правни предуслови за одлуката на Владата за затворање на пет компании и отстранување на коцката од домовите на граѓаните.

Оваа одлука на Владата е победа на моралот над погрешните и коруптивни одлуки на Артан Груби и Прпарим Бајрами за воведување интернет коцкарници, кои како општествено зло директно ги таргетираа младите.

Прочитајте и:  Владата ги укина лиценците за интернет игри на среќа

Претходно, Владата донесе одлука за раскинување на коруптивниот договор за закуп на Државна Лотарија со фирмата „ХЕЈ ДООЕЛ“, чиј објект во Визбегово е сопственост на лица кои се поврзуваат со Али Ахмети. Сега има доволно исполнети правни околности да се премине кон институционална одговорност за сите коруптивни коцкарски зделки на ова раководство на ДУИ.

ВЛЕН продолжува да го спроведува Планот за справување со штетните последици од коцкањето. Во фаза на изработка е нов Закон за игри на среќа кои ќе содржи далеку построги одредби, кои во прва фаза ќе го намалат постоечкиот број на коцкарници, минимум за половина.
Продолжуваме и понатаму посветено да работиме исклучиво во интерес на граѓаните!

ВЛЕН

- Реклама -