ВЛЕН: ДУИ предизвика нашите најдобри стратешки партнери да ја изгубат довербата кон албанскиот народ

ДУИ со своите деструктивни дејствија и злоупотреба на власта предизвика нашите најдобрите стратешки партнери да ја изгубат довербата кон албанскиот народ, истакна на денешната прес-конференција Башким Асани од Коалицијата „Влен“.

-Таканаречениот Европски фронт е целосно демаскиран, а вистината излезе на површина. Нивното лице се откри. Од денеска треба да се викаат по името што го заслужуваат – Да за Русија и Не за Америка. ДУИ стана синоним за нарушување на угледот на Албанците како во Македонија, така и пошироко. ДУИ со своите деструктивни дејствија и злоупотреба на власта со која владееше цели 22 години предизвика нашите најдобрите стратешки партнери да ја изгубат довербата кон албанскиот народ. Али Ахмети како диригент на овaа клика и на сите дела на сметка на сопствениот народ отворено излезе во поддршка на својата сенка – најмладиот жител на американската „црна листа“ Артан Груби. Како и со претходни политички ликови, така и сега со Артан Груби, ДУИ продолжува да не зема за будали минимизирајќи ги сериозните факти кои ги откри постојаниот пријател на Албанците – САД, рече тој.

Според Асани, членови на високото раководство на ДУИ вчера се осмелиле да се спротивстават на американскиот Стејт департамент велејќи дека Артан Груби е чист како солза.

Прочитајте и:  На меѓународниот ден на антикорупцијата, Артан Груби на црната листа на САД

-Вчера видовме срамен спектакл каде сите експоненти на ДУИ од Али Ахмети до неговите чираци излегоа да го бранат Артан Груби. Дури се осмелија да се спротивстават на самиот американскиот Стејт департамент велејќи дека Груби е чист ко солза. Но сите знаеме колку е чист. Доказите се јасни. Од влијанието за ослободување на Сашо Мијалков до воведувањето на коцкање во секоја албанска куќа, до скандалозниот обид за враќање на Никола Груевски од Будимпешта. Се беше оркестрирано под команда на Али Ахмети. Сето ова докажува дека Артан Груби не е ништо повеќе од кукла на Али Ахмети. ДУИ веќе се претвори во партија која функционираше со мафијашки код каде секој член на семејството е заштитен по секоја цена. Ние како Коалиција „Влен“ веќе извесно време предупредуваме ДУИ е заробена од криминална структура на чело со Али Ахмети и со неговата сенка Артан Груби кој ги извршува неговите наредби. Прашањето што го поставуваме денеска е јасно Уште колку пораки треба да дадат САД за ова партија да разбере дека има итна потреба од длабоки програмски и кадровски реформи?, рече Асани.

Потенцира дека „Влен“ ќе се залага и ќе се бори за ослободување на политиката корупција и измами.

- Реклама -