ВЛЕН: Додека граѓаните се жалат на уништени патишта, коалицијата ДУИ – Арсовска – Левица го враќа споменикот на Ќосето

Додека граѓаните се жалат на уништени патишта и неуспешно управување на градот, коалицијата ДУИ – Арсовска – Левица ги насочува своите сили кон враќањето на споменикот на Андон Лазов-Ќосето, целосно игнорирајќи ги реалните потреби на граѓаните, изјави денеска Фериде Хаџиу од коалицијата ВЛЕН на кружниот тек кај ТЦ „Ист гејт“, каде е поставена градежна табла како подготовка за повторно поставување на споменикот.

Според Хаџиу, градоначалниката на Град Скопје, Данела Арсовска е одговорна за враќањето на споменикот, а ДУИ е подготвена да прави коалиции со кого било, за да се спаси од одговорноста за кривичен прогон.

– Пратеникот Блерим Беџети од „Европскиот фронт“ кој некогаш го критикуваше Али Ахмети, велејќи дека само два проценти од програмата на ДУИ е реализирана во Владата на СДСМ, за потоа да се врати во криминалното гнездо, сега е дириктен извршител на враќањето на вакви споменици во центарот на Скопје, во соработка со најнеуспешната градоначалничка на Градот Скопје, Данела Арсовска и советниците од антизападната опција Левица, рече Хаџиу.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ ги повика пратениците на СДСМ да го потпишат барањето за Законот за бранителите да се стави на дневен ред на собраниската Комисија

Додаде дека Беџети во јавноста се појавува како заинтересиран за Албанците, а дејствува спротивно на интересите на Албанците, создавајќи, како што рече, непринципиелни коалиции и работејќи против граѓаните.

- Реклама -