Влeгуваме во пикот на заразата од Ковид 19. И министерот Венко Филипче и претседателот на комисијата за заразни болести Жарко Караџовски се убедени дека следните 2 – 3 денели се очекува врвот. На онлајн брифингот со новинарите Караџовски го поцика насаелението, помогнете ни бидете нашиот 12 играч
Апелирам да ни помогнете. Останете дома. Нашиот број е ограничен, а нема да можеме сега да продуцираме кадри. За тоа бидете наши тимски играчи, односно бидете нашиот 12 – ти играч. Ако бројќите наеднаш отидат нагоре, спремни сме да превземеме нови мерки односно да ја зголемиме рестриктивноста, вели Жарко Караџовски – претседател на комисија за заразни болести
Ова доаѓа откако денеска се регистрирани нови 72 случаи во земјата. Куманово има најмногу новозаболени 21. Но, според Министерот Венко Филипче охрабрувачки е што речиси сите новорегистрирани случаи во претходниве денови биле во самоизолација, па не би требал ода ја шитрат заразата. Но има и во Скопје 14, Тетово 12, Прилеп 9, Кочани 7, Крушево за прв пат се појавува на мапата со двајца заболени а по еден има и во Штип, Струга, Велес Гостивар Радовиш.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 се искачи на 555. Но, на клиниката денеска починал 63- годишен маж од Лабуништа кој бил донесен од охридската болница со тешка клиничка слика. За сега од Комисијата не кажуваат дали ќе се преземат повеќе рестриктивни мерки за краиштата каде забрзано се шири вирусот, а по теркот на Куманово. Инаку на Клиниката во изминатово деноноќие е хоспитализирано и едно две годишно дете но според директорката на инфективна тоа е во стабилна состојба.
До сега на клиниката се даваат два вида на лекови. Првиот е комбинацијата со антималарици а втората е антивирусна терапија за оние кои не би можеле да ја примат првата терапија.
До сега антималарици примиле 15 пациенти кои се завршени со третман но лекувањето се уште им трае.
Тројца пак сега се моментално на терапија, додека на двјца им се дава антивирусната терапија. За брзо време очкуваме и други признаени терапии да увеземе и да ги користиме до сега сите познати лекарства кои се употребувале, вели Милена Стефановиќ – Директор на инфективна клиника
Инаку според министерството ние сме втора земја во регионот по бројот на тестови, а сега се прават на пори да се стави в офункција и лабораторијата во МАНУ каде би се вршеле дополнителни анализи на земените брисови.
Инаку болницата 8 ми септември е веќе подготвена за позитивните на ковид 19, бидејки 75 проценти од инфективната веке е исполнета, а се спрема и дел од болницата во битола кој е сосема изолиран. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денеска се пуштени 3 ца пациенти.