Влатко Стефановски во интервју за Дојче Веле на Македонски јазик говори за неговата кариера, музиката и животот.
Тој, процесот на размена со публиката го опишува како мистичен. Простор каде што нема правила ни законитости.
„Еве, гледавме „Икс фактор“ и видовме еден панаѓур на суети, фабрикување на таленти. Како што се произведуваат фармерки и патики, така се произведуваат и музички ѕвезди Јас повеќе сакам да верувам во автентични таленти. Затоа, нема рецепт за патот до срцата на публиката – секој мора сам да го бара. За да допреш до нечие срце, прво треба да си го допреш сопственото, а тоа малку боли. За да бидете автентичен и квалитетен автор, мора да тргнете од сопствените емоции. Тоа авторско копање по себе верувајте дека е сложен процес.Не велам дека човек треба да се занимава само со некои длабоки емоции – музиката може да биде и само забава“!
Следното прашање од интервјуто го издбоивме за нашата денешна Мисла на денот. Погледнете што вели Стефановски за потрагара по својот „Совршен тон“.
ДВ: Еден посветен музичар веројатно целиот свој живот ќе го потроши во барање на својот „совршен тон“. Ова повеќе како животна метафора. Се‘уште го барате?
Стефановски: Тој тон што ќе ми значи мене и на публиката ќе го барам сè додека сум жив. Јас ги барам совршените решенија во моите песни и совршените фрази во моите сола, но и совршениот тон на мојата гитара. Го барам и совршениот збор во моите стихови ама такво нешто многу тешко се постигнува. Ние луѓето- сите сме со „вградена грешка“ и не сме совршени. Ама затоа, возбудлив и интересен е патот кон совршенството. Да одиме напред и да го бараме. Но, дали ќе го најдеме не е важно. Важно е дека по пат- добро се забавуваме.
Целото интерву можете да го прочитате на Дојче Веле.