Стефановски, кој годинава прослави 50 години кариера, ќе снима во познатото сстудио основано во 1931 година, каде што своите песни ги снимаа и легендарните Битлси.
Својата кариера Влатко Стефановски ја почнал во групите ВИС „Јегуље“, „Ирис“ и „Брег“, а во 1976 година заедно со Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и Димитар Чочоровски ја формираат групата „Леб и сол“ со која се прославува. Преку работата со Леб и Соло, Стефановски стана препознатлив по својата исклучителна гитарска техника и креативниот пристап кон музиката.
По распадот на групата „Леб и сол“, Стефановски се посветува на својата соло кариера и има неколку албуми во различни музички жанрови, покривајќи области како џез, блуз, етно-музика, но и дела на акустична гитара. Тој соработува со врвни музичари шурум светот.