Влатко Ѓорчев од Пелинце: Ќе помине и ова

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Влатко Ѓорчев, беше еден од присутните на чествувањето на Илинден во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, каде свое обраќање имаше претседателот на Собранието на Република Северна Македонија – Талат Џафери. Според Ѓорчев, кој вели дека долги години доаѓа во Пелинце, оваа година имало најмалку народ.

„Долги години доаѓам на Пелинце и никогаш немало помалку луѓе. На една страна беа претставниците на власта, а народот е на друга страна. Народот пее за Македонија, народот ја сака Македонија. Ќе помине и ова“, рече Ѓорчев во изјава за „ТВ 24“ по завршувањето на церемонијата.

Ѓорчев ја искористи приликата и да им го честита празникот „на сите Македонци, на целиот македонски народ и на сите граѓани на Македонија“. Тоа го направи со зборовите:

„Честит Илинден и да живее Македонија. Ќе помине и ова“.

За пораките што ги испрати Џафери од Пелинце прочитајте ТУКА.

- Реклама -