Владимир Милчин за дивоградбата во Охрид

Откако вчера се случи отварањето на пицеријата кај Чинарот во Охрид, објект дивоградба, случајот го искоментира професорот Владимир Милчин.

Фб статусот на Милчин

„Оваа фотографија е прст во окото на сите кои се бореа и се борат за право и правда. Наакана и дрска порака: МИ СЕ МОЖЕ, БРЕ! Носете се вие заедно со УНЕСКО! Партискиот пазар гази без оглед на здравиот разум и триумфира во срцето на Охрид, карши Чинарот. Ако може да се лаже УНЕСКО, може и да се газат критичките гласови и здравиот разум“, коментира тој.

- Реклама -