МПЦ-ОА снисходливо ги почитува мерките и послушно ги спроведува препораките на државните власти во насока на заштита на животот на народот и длабоко сочувствува и мајчински се моли за оздравување на болните од сите болести, вклучително и на оние од Ковид-19, вели митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски – г. Петар, за МИА.
Воедно, тој ги коментира и причините за појава на коронавирусот:
„МПЦ-ОА се придржуваше и се придржува до пропишаните мерки за претпазливост. Но, веднаш се наметнува прашањето, зошто му се случи на целиот свет оваа пандемија? Светите Отци велат – заради нас и нашите гревови, а ние ќе додадеме, заради оттуѓеноста и отпадништвото во секој поглед на целиот свет од Бога. Природата, од Бога создадена, протестира и опоменува и на ваков начин“, вели владиката Петар.
Тој повикува „да престанеме со загадувањето на природата и уништување на милионите квадратни километри шуми, на океаните, морињата, езерата, реките и потоците, на загадувањето на природата и воздухот со милионските авионски летови и возила, и со палење на шумите“.
„Само молитвата на сите нас, почнувајќи од нас Владиците, свештенослужителите и верниците, како и управниците на државата, политичарите и граѓаните, може да го променат текот на настаните што ни се случуваат со оваа современа чyма“, порачува тој.
Повеќе на МИА.