Владата, во знак на благодарност, му додели стан на семејството на Верче Белчовска

Во знак на благодарност за огромната хуманост која ја покажаа со тоа што ги донираа органите на нивната трагично загината ќерка Верче Белчовска и со тоа спасија и продолжија повеќе животи, власта одлучи на семејството Белчовски да му помогне да го реши станбеното прашање. Одлуката ја соопшти министерот за транспорт и врски – Благој Бочварски.

„Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица.

Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост“, порача министерот, на Фејсбук.

- Реклама -