Знамето на Израел вечерва може да се види со светлосна проекција на зградата на Владата.
„Поддршка за Израел во овие тешки моменти. Силно и недвосмислено ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Нашите мисли се со израелскиот народ, со кој се солидаризираме и сочувствуваме. Апелираме за решенија преку дијалог, на светот му е потребен мир“, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук страницата во објавата со фотографија на израелското знаме на зградата на Владата.