На денешната седница, Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, усвои нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, информира премиерот Зоран Заев на Фејсбук. Имено:
• Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучок се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.
• Забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.
• Покрај ова, Владата усвои и препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби, информира премиерот.