Владата одлучи – Македонија ќе им помогне финансиски на Грција и Јапонија

На денешната владина седница беше донесена одлука дека Република Македонија ќе ѝ испрати финансиска помош на Грција по ужасните пожари во Атина.

Одобрена е финансиска помош во висина од 6 милиони денари, а ќе се формира и координативно тело што ќе ја следи состојбата секојдневно и ќе ја координира хуманитарната акција.

Помош во иста висина ќе биде испратена и во Јапонија, за помош при штетите од неодамнешните поплави.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот
- Реклама -