Владата со нова мерка: Забраната за групирање на повеќе од 4 лица ќе важи цел ден, секој ден

Владата, на денешната 18-та седница, донесе одлука забраната за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор, наместо по 21 часот како досега, да важи во текот на целиот ден и преку целата седмица, со точно дефинирани исклучоци.

Исто така, заклучено е поранешни армиски службеници, над 45-годишна возраст, да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции.

Беше одлучено и Министерството за одбрана, за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од заразната болест КОВИД-19, за определен временски период да отстапи одреден број санитетски возила.

Прочитајте и:  Околу 30 автобуси возат низ Скопје, граѓаните револтирани, вонредни седници на Владата и на Советот на Град Скопје
- Реклама -