Владата најавува олабавување на мерките од 1ви мај

По првомајските празници се очекува постепено укинување на рестриктивните мерки за движење, но и постепено наламување на дневните бројки на новозаразени лица со ковид 19. Министерот за здравство вели дека веќе се почнати одредени анализи за тоа како животот да се врати во нормала, а да не се дозволи повторно ширење на заразата.

Владата на седница ќе го разгледува барањето на Куманово за вовоедување на поголеми рестрикции во општината каде бројот на новоразарени секојдневно расте, а на урад се и вработените во државните институции. За сите останати градови нема да се разгледуваат мерки надвор од оние кои се носат на ниво на државата.

Линеарниот раст на новоразарени според Филипче е резултат на мерки кои досега се превземаат, вели дека навремената реакција спречи италијанско сценарио и дека на ваков начин здравствениот систем има капацитет да ги превземе пацинетите на кои им е неопходен болнички третман.

- Реклама -