„Владата и МВР да сносат одговорност за театарот со апсењето на Груевски што им го сервираат на граѓаните“

По веста на денот – дека Груевски е во Будимпешта и бара политички азил од Унгарија, со своја реакција излегоа и од Алијансата за Албанците.

„Владата и МВР да поведат сметка и да сносат одговорност за театарот што им го сервираа на своите граѓани изминативе два дена во врска со апсењето на Груевски. Јавно ја прашуваме Владата и МВР, кои се актерите кои помогнаа во бегството на Груевски? На кој граничен премин избегал Груевски и која е политичката цена за да се реализира сценариото за оваа бегство?“

Од Алијансата за Албанците бараат владата да преземе одговорност за скандалот кој, велат, сериозно ги поткопува реформите во судството и го става под знак прашалник владеењето на правото.

„Последните случувања еднаш засекогаш ја поткопуваат надежта на обичниот граѓанин на Република Македонија дека еден ден ќе има правда во оваа држава“, стои во соопштението.

- Реклама -