Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на здравствените работници

Со ребаланост на Буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид 19 вирусот. Парите ќе бидат наменети за вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава, посочуваат од Министерството за здравство.

Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, за набавка на вакцини, за тестови за ковид 19 и за потребите на Јавните здравствени установи.

Предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан во наредните денови, со што ќе почнат да се реалзираат четвртиот сет мерки за помош на граѓаните, компаниите и целата економија.

Прочитајте и:  Мицкоски: Законот за јазиците мора да се почитува, но треба и да се зголемат капацитетите во министерствата
- Реклама -