Владата издвои 3 милиони денари за парична награда за екипата на „Медена земја“

Владата одлучи да ѝ додели парична награда од 3 милиони денари на екипата на документарниот филм „Медена земја“, кој иако не освои Оскар, испиша и македонска и Оскаровска филмска историја. Одлуката ја соопшти министерката за финансии – Нина Ангеловска, на Фејсбук:

„Нашите Медени, вчера го освоија најважниот Оскар – за човечност, едноставност, свесност за животната средина и големо ❤️. Ги освоивте нашите срца и срцата на милиони луѓе низ целиот свет и со еден симболичен гест сакаме да се заблагодариме – затоа вечерва донесовме одлука на владината седница за парична награда од 3 милиони денари за екипата Медени.

Бидејќи го додадовте епитетот ‘Медена’ на нашата земја.
Бидејќи нѐ направивте тооолку горди!“, напиша Ангеловска.

- Реклама -