Владата им наложи на трговците со овошје и зеленчук да обезбедат 70 отсто од потребите за домашниот пазар

Трговците кои продаваат овошје и зеленчук да прибавуваат и продаваат 70 проценти од количините што ги продале во јануари и февруари – oва е Одлуката што ја донесе Владата на денешната попладневна седница по предлог на Министерството за економија.

Како што соопшти Министерството за економија, оваа Одлука, која следи по Одлуката за замрзнување на цените на определени видови овошје и зеленчук, е предвидено да важи до крајот на април.

„Владината одлука е донесена по координативниот состанок на премиерот Димитар Ковачевски со колегите министри од ресорните министерства и претставници на надлежни институции во врска со предметното прашање“, информираше министерот Крешник Бектеши, кој денеска на прес-конференција јавно ги повика увозниците на овошје и зеленчук да присуствуваат на координативната средба и повтори дека законите мора да се почитуваат.

Прочитајте и:  Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Извор: МИА

- Реклама -