Владата им даде поголеми овластувања на инспекторатите, се зголемуваат и казните за прекршителите на ковид-протоколите

На денешната владина седница, Владата ги усвои предлог измените на Законот за заштита на население од заразни болести, со кои инспекциските служби добиваат нови поголеми овластувања за справување со прекршителите на КОВИД протоколите, објави вицепремиерот за борба против корупција – Љупчо Николовски.

Како што информира тој, законските измени се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот испекторат за транспорт и за другите инспекторати на централно и локално ниво.

Според измените, доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста во траење до 30 дена на правните субјекти.

Истовремено, со новите законски измени ќе се зголемат паричните казни за прекршителите на здравствените протоколи. Висината на казните ќе биде во зависност од големината на фирмите.

Прочитајте и:  Околу 30 автобуси возат низ Скопје, граѓаните револтирани, вонредни седници на Владата и на Советот на Град Скопје

„Заштита на здравјето на граѓаните и наш врвен приоритет. Нулта толеренација за прекршителите на здравствените КОВИД протоколи!“, порача Николовски.

- Реклама -