Владата на Република Северна Македонија на денешната 82-ра седница го усвои Протоколот за постапување на основните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на средните училишта во Република Северна Mакедонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година.
Владата денеска донесе одлука за формирање на работна група во којашто ќе учествуваат претставници од Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија. Оваа работна група ќе ја следи состојбата и ќе дава мислење за подготвеноста на основните и средните училишта за спроведување на наставата во услови на КОВИД-19 по поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, како исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното.
Во рамките на заклучоците по оваа точка, Владата го задолжи Министерството за образование и наука да го промени календарот за учебната 2020/2021 година со што наставниот процес наместо на 1-ви септември да започне на 1-ви октомври 2020 година.
Протоколите можете да ги погледнете ТУКА (за основно и средно образование се под реден број 46 и 47).