Влада: Знамето треба да се користи засебно а не во логоа, варијации на сонцето се користени и претходно од други влади (ФОТО/примери)

„На традиционалната, историски заснована, национална, црвена основа, обединети се симболите со кои се потенцира 30 годишнината од независноста“, категорични се од Владата и по бројните реакции за логото за јубилејот „30 години независност“. Истото е составено од повеќе елементи – сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 – кои раскажуваат за нашата државност, додаваат тие.

Од Владата повторуваат дека логото не го содржи државното знаме и дека сонцето кое е употребено во логото е различно од сонцето од државното знаме, како и дека користењето на државното знаме е јасно уредено со Закон.

„Владата смета дека знамето на Република Северна Македонија има специфична државна вредност и дека истото не треба да се става во логоа за прослави, туку истото треба да се користи издвоено, засебно, чисто, со јасно истакнување на настани и исклучиво онака како што е пропишано со Законот за употреба на грбот, химната и знамето. Затоа, сонцето употребено во логото за 30-години независност е со поинакви и поголем број краци од сонцето од државното знаме“, се вели во реакцијата.

Прочитајте и:  Околу 30 автобуси возат низ Скопје, граѓаните револтирани, вонредни седници на Владата и на Советот на Град Скопје

Од Владата одговорија и дека автори на логото се тимот графички дизајнери при Секторот за односи со јавноста во Владата. Притоа, со неколку конкретни примери, тие потенцираат дека претходно и други влади, за државни празници низ годините наназад, често користеле разни варијации на сонцето како симбол кој, велат, зборува за државноста и за националноста на нашата земја.

- Реклама -